Постојат многу прашања поврзани со коронавирусот чиј одговор го бараме, а на дел од нив одговори српската докторка Ивана Милошевиќ, заменичка директорка на Клиниката за инфективни болести во Белград.
-Водам сметка да не влегувам дома во работите со кои сум била на работа, доколку е тоа можно, секако. Не одам по одделението во капут, секако постои униформа. Она што го преземав е пред мојата врата да има бришач и раствор, комбинација од вода и варикина. Доаѓам од болница и не треба така да влезам дома, рекла докторката во интервју за српска телевизија.
А, колку вирусот може да се задржи на амбалажа? Што да се прави со ќесите донесени од набавка? – прашала водителката.
-Се однесувам исто како и претходно. Кога ќе се вратам од продавница, ги ставам ќесите на свое место, ги мијам рацете. Нема таа амбалажа да ја ставате во уста. И да има вирус на неа, суштината е во хигиенските мерки, но пред се во редовната хигиена на рацете. Ако вирусот се најде на рацете, ние нема да се разболиме ако не го внесеме во рспираторниот тракт или конјуктивитот, рекла докторката.