Се проценува дека свадбите во затворен простор се главната причина за брзото зголемување на бројот на новозаразени во последните денови, особено во Тетовско. Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство утрово предложија забрана за свадби и други собири во затворени простории, пишува Алсат.
Другите гастрономски капацитети не треба да примаат повеќе од 30% од капацитетот, додека на една маса не смее да седнат повеќе од 4 лица. Комисијата за заразни болести предложи да има строги контроли за спроведување на овие мерки и да се интензивира теренската вакцинација.
Здравствените власти алармираат дека новиот бран во кој доминира варијантата Делта на корона вирусот е опасен и не можат да предвидат како понатаму ќе се шири.
„Ова е знак дека бранот започна, тоа е почеток на следниот бран. Тоа е нов бран што се гледа со многу стабилни и многу брзи чекори што ги зголемуваат бројките, што е доста загрижувачко за сите здравствени власти. Овој бран се вели дека е доста опасен, но сепак не можеме да предвидиме како ќе се однесува кај нас со број од околу 30% вакцинирани во земјата и со голем број на оние кои го надминале вирусот. Не можеме да предвидиме. Сметаме дека вештачката имунизација со вакцини и природната имунизација достигнат околу 60-70%, но не можеме да предвидиме каков ќе биде текот на оваа пандемија, се надеваме дека нема да имаме голем шок“, вели Илир Хасани, Заменик – министер за здравство.
Повеќе на Алсат.