Сведоштво од патник: Се спроведуваат ли мерките на Владата на скопскиот аеродром?!

„ПРВ ДЕН САМОИЗОЛАЦИЈА помина.
Слетавме пет минути по полноќ. Десетина минути потоа слета и авионот од Барселона, со еден потврден случај на корона вирус.

Но, ние веќе имавме завршено сè… бевме упатени кон излезот на Аеродромот. Завршивме пасошка контрола брзо, ни беше измерена температурата, имавме основна брошура во раце, а во авионот пополнивме лист со име, презиме, адреса и телефон. И ни кажаа доколку сме биле во Кина, Кореа, Италија или Иран последниве 14 дена и имаме симптоми да се пријавиме. Толку. Тоа беше сè.

Ние слетавме од Париз. Парискиот регион Ile-De-France имаше регистрирано околу 1000 случаи со корона вирус.

Нејсе… сакав да напишам многу, од тоа што видов во авион, од тоа што никој од нас слетаните не доби упатства за владини одлуки, уште помалку за домашна самоизолација, и најважно – што воопшто тој термин значи… Но, не ми беше целта да паметувам, напаѓам или мрчам, уште помалку да ја барам вината во кого е.
Не е време за тоа. Но не е ниту време за многу пресови, а малку дела на терен.

Судејќи по постапките и однесувањето на патниците, бев уверена дека никој не знае ниту обрнал внимание на тие донесени одлуки. Што е право, така беше во Франција. Никој, ама никој, вклучувајќи ги и вработените на аеродром, не носеа маски, ракавици, а те допираа и претресуваа. Меѓу граѓаните не постоеше дискусија за корона вирусот, сè се одвиваше како да не постои ситуација, седеа во нивните кафулиња залепени еден до друг…

Но, при слетување во Мк, бар на еден лист, црно бело испечатени упатства да ни се поделеа. Гласно да се потенцирше дека истите се задолжителни, да потпишавме дур ни се проверуваше пасошот некакво писулче дека сме ги виделе, прочитале, разбрале. Не знам дали ќе има силен ефект врз граѓанинот тоа, но е бар обид да му се предочат и наметнат.

Но,  вчерашната одлука на владината седница е за силен поздрав. Се усвои еден силен предлог и од денес се надевам ќе се применува до најниско капиларно ниво!

На секој наш граѓанин кој се враќа од средно и високо ризичните земји му се издава писмена наредба од МЗ за задолжителна самоизолација од 14 дена. Граѓанинот потпишува писмена изјава дека под полна морнална, кривична и материјална должност ја прифаќа самоизолацијата.

Сакав да кажам дека ние немаме решение ниту писмена наредба за самоизолација, мислете му ја.
*Како и другите 80тина патници (бројот е моја проценка) кои слетаа од Париз“, пишува патничката.

Exit mobile version