СЗО со официјално предупредување: Не користете Ибупрофен доколку сте заболни од Ковид-19

Луѓето кои се сомневаат дека се заразиле со новиот коронавирус не треба да земаат Ибупрофен, без да се конслутиораат со лекар.  Повикот доаѓа од Светската здравствена организација, а следи по предупредувањето на францускиот министер за здравство Оливие Веран за внимателно земање антиинфламаторни лекови како што се ибупрофен и кортизон кај луѓе заразени со коронавирус.

Експертите се поделени околу позицијата на францускиот министер.

„Колку што знам, нема научни докази дека ибупрофен може да ја влоши состојбата заразена со Ковид-19“, посочува “, рече Муг Чевик, истражувач на шкотскиот универзитет во Сент Ендру.

Сепак, некои експерти велат дека советот на францускиот министер е во согласност со општите препораки на неколку земји за земање антиинфламаторни лекови, иако нивната специфична врска со коронавирусот не е јасна, пренесува Си-Ен-Ен.

„Постојат добри причини да се избегне ибупрофен бидејќи може да ја влоши состојбата на луѓето кои имаат проблеми со бубрезите, или се во полоша состојба заради други болести, вклучувајќи го и Ковид-19“, изјавиРуперт Бел, од британскиот институт „Франсис Крик“.

фото: Архива

 

Exit mobile version