(ВИДЕО) Филипче: Нови мерки за Куманово – Полицискиот час ќе трае од вечерва во 21 часот до понеделник во 5 часот

46 нови случаи на заболени од корона вирус во земјава. Двајца повозрасни мажи кои имале сериозни здравствени проблеми, починале од коронавирусот. Три пациенти се испишани и одат на домашно лекување, истакна на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Од 46 те новозаболени најмногу се од  Скопје 13, Куманово 23, Дебар 2, еден Прилеп.

-Најголем број новозаболени се од Куманово , од кои 11 се на Инфективното одделение на кумановската болница , поради што ќе се пратат лекари од Скопје . Меѓу забволените во Куманово има и медицински лица . Полицискиот час ќе трае од вечерва во 21 часот до понеделник во 5 часот , најави министерот Филипче .

Exit mobile version