(ВИДЕО) Филипче: Осум вработени во Заводот за рехабилитација се заразени со ковид-19

Добрата вест е денеска што од клиниката за инфектовни болести се испишани излекувани 9 пациенти. Истите се испартени на домашно лекување со добра клиничка слика. За жал има уште една смртен случај 79 годишен пациент од Дебар. Инаку денеска се потврдени 26 случаи. По градови во Дебар 1,Скопје 19, Куманово 3 и Крива Паланка тројца. Досега вкупно потврдени во земјава сега изнесува 285 лица.  Вкупно заразени се 285 пациенти – рече министерот.истакна предмалку на денешната прес конференција Венко Филипче.

Минситерот додаде дека има почината пациентка и во општата болница Струга која имала хронична респираторна болест, но не дијагностицирана со КОВИД 19 вирусот. По смртта е земен брис а резултатаите се очекуваат.

Минситерот истакна дека поради пропустот на Општата болница во Охрид, разрешена е старата директорка а на нејзино место назначен  е нов директор во болницата а тоа е  хирургот Горан Балевски.

Министерот на денешната прес конференција истакна  дека Заводот за рехабилитација во Козле во следниот период нема да работи откако тестовите на 8 медицински лица покажале позитивни наоди на  ковид-19.

Како што кажа тој, позитивни на коронавирус се и двајца пациенти од тоа одделение, а денеска се тестирале уште 16 пациенти хоспитализирани во Заводот.

„Сите пациенти на кои ќе им биде потребна ваква форма на терапија ќе се упатуваат во болницата „8 Септември“,  истакна министерот Филипче.

 

Exit mobile version