Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција соопшти дека еден затвореник во затворот Шутка починал од срцен удар, но посмртно, при обдукцијата бил направен тест и е утврдено дека бил позитивен. Сега се утврдува со кои лица тој бил во контакт, со цел да се спречи ширењето на епидемијата, во затворот.
-Има еден притвореник во „Шутка“ кој починал од срцев удар, но по обдукцијата е утврдено дека бил позитивен на коронавирусот. Од Домот за стари лица во Битола има еден штитеник кој болнички згрижен и тој е позитивен на Ковид-19. Во двете институции се дадени насоки за темелно чистење на просториите, рече министерот.
Денеска во Министерство за здравство истакна дека се отвараат понудите за набавката на респираторните машини и во тек се постапки за набавка на реагенси и заштишта опрема, истакна министерот.
-Денеска ја објавивме и листата на донатори, а на сметката на која се собираат донации има 60 милиони денари, истакна Филипче.
фото: Архива