(ВИДЕО) Филипче:Потврдени 25 нови случаи позитивни на Ковид 19, на Инфективна во Скопје почина пациентка од Лабуништа

Министерот за здравство на денешната прес конференција информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина една пациентка од Лабуништа на возраст од 65 години. Министерот потенцираше дека утрово од болница се испишани пет пациенти.

– Ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Лабуништа на возраст од 65 години заболена од коронавирус. Пациентката имала претходни заболувања – коморбидитети: хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, срцева слабост и обезност- рече Филипче

Вчера на Инфективната клиника биле примени 9 лица со што таму сега има вкупно 59 пациенти, од кои 12 се со потешка слика, а петмина се ставени на респиратори, информираше Филипче.

Министерот за здравство на денешната прес конференција информираше дека во изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус во земјата.  По градови: Скопје- 7, Куманово-7, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Гевгелија -1, Кочани -1.

 

Exit mobile version