По примерот на големите европски земји како Италија и Шпанија кои организираа громогласен аплауз од своите домови за докторите, медицинските сестри и целиот останат персонал во болниците, граѓаните на Македонија организираа исти ваков настан кај нас.
Акцијата помина со мал аплауз во поедничени маала, каде здравствените работници беа симболично поздравени, иако на социјалните мрежи, постојано се дава поддршка за нив, се објавување и реобјавуваат видеа, фотографии и статуси.
Но, сигурно оваа акција ќе се организира повторно и ќе биде помасовна, срамежливот аплауз е резултат и на доцното организирање на акцијата.