(ВИДЕО) Од корона вирус досега заразени 15 тина здравствени работници

Досега над 1000 лица, се тестирани за корона вирус, а во однос на резервите на тестови имаме доволно, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференцијата. Тестовите се уште се плаќаат во приватните клиники. Денес ќе заврши анализата, проверката, состаноците со сите лабаратории кои покажаа интерес и кои кажаа дека ги исполнуваат условите. Кога ќе заврши увидот од нашата лабараторија, ќе се достави соодветен предлог до фондот, со цел да се зголеми капацитетот на тестирање.

Што се однесува до Охрид и случајот со затворање на одделението за трансфузиологија, поради тоа што заболен имал контакт со пациенти и медицински персонал, министерот истакна:

-Ќе биде направен тест на сите од медицински персонал, до пациенти. Не се знае колку дополнително има заболени трети лица односно пациенти. Во прашање се 7 лица – вработени и истите без разлика дали имаат симтоми односно до задутре теба сите да се тестираат, истакна министерот Филипче.

Министерот додаде дека десега заразени од корона вирус се  14 или 15 здравствени работници и тоа во Кавадарци, Дебар, Скопје и Куманово.

– На клиниката се хоспитализирани 35 лица, на инфективното одделение тројца, а останатите пациенто се на домашно лекување. Со овие лица имаме интензивна комуникацја. Во моментов се анализира едно лице од Дебар, за кое ќе се организира транспорт, за да ја прими новата терапија на клинаката во Дебар, истакна предмалку минситерот Венко Филипче.

фото: PRTSC

 

 

Exit mobile version