Изминатото деноноќие регистрирани се 125 позитивни на вирусот. Починаа 7 лица најмладиот на 46, а највозрасниот на 87 годишна возраст. Евидентирани се 6 оздравени пациенти.
Најмногу новозаболени има во Скопје 89, Тетово 11, а коронавирусот се појави и во Ресен.
Од Скопските општини и понатаму најмногу активни случаи има во Чаир 195, Бутел 72, Центар 71.
Од Центарот за јавно здравје информираат дека 20 гости кои присуствувале на свадбата во Нерези кај младоженците вработени во Лекарската комора се позитивни на тестовите. Негативни се резултатите на сите вработени во Центарот откако вирусот беше откриен кај двајца епидемиолози и двајца техничари.
фото: Архива