Втор смртен случај од коронавирус, овојпат на Инфективна клиника

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент заболен од коронавирус. Се работи за маж на 63 годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата.

Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород. Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал. Пациентот немал позната историја на коморбидитет.

Exit mobile version