Жителите на струшкото село Лабуниште одбиваат да се тестираат за коронавирус и се лекуваат дома, зашто се плашат дека ако им се земе брис и ако излезат позитивни на Ковид 19, ќе бидат поставени на респираторна машина. Ова за ,,Слободен печат” го тврди доктор Јованка Сурлакова – Коровешовска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје – Охрид.
-Точно е дека не сакат да се тестираат. Се плашат дека ако им се земе брис и ако се позитивни, ќе бидат на респираторна машина. Има многу смртни случаи од таму и се плашат и велат дека сите што се поставени на респиратор ниеден не се врати жив. Ги убедуваме дека ако на време се започне со лекување добар дел од нив ќе се излекуваат, но попусто. Доаѓаат во болница во многу тешка состојба, со ниска сатурација, пред умирање. Не знам како да се натераат да им се земе брис. Имаме сериозен проблем да ги натераме да се тестираат, вели Коровешовска за ,,Слободен печат”.
Таа додава дека постарите жители на селото, воопшто не сакаат да се тестираат, седат дома и се лекуваат во домашни услови, зашто не сакаат да ги изложуваат семејствата на високи сметки за погреби, зашто погребот за дијагностициран со ковид 19 е поскап.
Текстот во целост на: ,Слободен печат”.