Пациентите за д-р Марија Михајлова

Горан Наумовски: Високата стручност и професионалност, достапноста, посветеноста и грижата за своите пациенти е мојот впечаток досега за д-р Марија. Со целосна доверба, благодарен сум што е мој матичен лекар, како и на моето семејство.

Арианда Главинац: Конечно најдов лекар на кого му верувам. Д-р Марија зрачи со знаење, сигурност и смиреност и е секогаш тука за мене! Со неа знам дека сум во сигурни раце!

Дејан Прошев: Д-р Марија Михајлова, 24/7 е достапна за своите пациенти, како за совет така и за следење на здравствената состојба. Секогаш во чекор со најновите медицински студии, одличен дијагностичар.

Горан Главинац: Др Марија секогаш го дава најважното за еден пациент: сигурност, доверба, стручност, разбирање и пријателска комуникација.

Даниел Данн: Ја избрав доктор Марија по препорака на добар пријател. Дефинитивно не погрешив во изборот бидејќи станува збор за посветен тим со кој можам да комуницирам 24/7. Елоквентноста и блискиот однос сметам дека се најважните критериуми според кои треба да го одберете својот матичен лекар. Благодарам што се грижите за моето здравје.

За доктор Марија Михајлова, специјалист по семејна медицина:

Високо образование завршив 2000 година на Медицински факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Како млад доктор на медицина започнав да работам во веледрогерија каде немав директен контакт со пациенти,но сепак постоеше можноста да го запознаам светот на лековите, хербалните препарати, козметички производи и други медикаменти.

Почетокот на мојата професионална кариера, а воедно и најголем од мојот работен стаж е работата како општ лекар во рурална средина. Работата во една таква средина со кулутра, јазик и обичаи различни од моите, ми овозможи развој на посебни компетенции, почитување на различноста, еднаквоста и индивидуалноста на секој еден пациент, а со тоа подигнување на нивото на професионалност и нивото на здравствена заштита.

Развојот на медицината и технологијата последнава деценија наметна потреба и кај нас лекарите да направиме промени, паралелно со личниот континуиран професионален развој.

Тригодишната специјализација по семејна медицина при Медицински факултет Скопје е период исполнет со многу предизвици, најголемиот е стекнувањето лиценца за обучувач, од страна на Европската академија за наставници по семејна медицина. Концептот на специјализацијата понуди можности за вклучување во истражувачка дејност, активности со студентска оргамизација ЕМСА и соработки со катедри по семејна медицина од соседството, како и меѓународни. Современите методи на едукација во тек на специјализација овозможија ефикасно совладување на потребните вештини, знаење и ставови.

Кога го работиш она во кое веруваш и го сакаш, значи чекорење напред и освојување на нови територии. Да се биде лекар, истражувач од областа на медицината и едукатор значи нови можности. Обуките за претрпиемништво во рамки на проектот за самовработување од страна на АВРСМ и меѓународни партнери беше исклучителна важни за реализација на сето она што во тек на мојата професионална едукација и усовршување го инвестирам во сопствен бизнис и независност. Основањето на ПЗУ СЕМEД Д-р Марија Михајлова на 12 август 2019 година е продолжување на приказната и потребата од обезбедување на повеќе и поквалитетни услуги наменети за здравјето на пациентите. За таа цел ПЗУ СЕМЕД Д-р Марија Михајлова се вклучи во Инструментот за финансиска поддршка за технолошки развој на микро претпријатија (ФИТР), преку набавка на потребна медицинска опрема.

Подготвеноста да се прифатат сите ризици, љубопитноста, правилните насоки на движење и негување на врските со луѓето околу нас се печатот за полесно пребродување на секој предизвик. Поддршката не е само физичка (материјална) туку и психолошка, советодавна од секој еден кој се наметнал со свои критериуми, во целиот период на мојот личен развој.