Безбедно во сообраќај

Сообраќајните несреќи во  Македоннија се значаен јавно здравствен проблем. Тие се водечка причина за смрт од повреди во детството и младоста.

Се проценува дека сообраќајните несреќи убиваат повеќе од 1,3 милиони луѓе секоја година, содевет од десет смртни случаи во земјите со низок и среден приход.

Според СЗО, сообраќајните несреќи остануваат водечка причина за смрт кај децата и младитена возраст од пет до 29 години во светот

Според податоците на МВР бројот на сообраќајни несреќи воземјава бележи намалување во однос на претходните години.

Сепак треба да се земат  во предвид пандемијата, карантините и затворените граници придонесоа луѓето да не патуваат и да се намали фрекфенцијата на сообраќајот. Во насока на зголемување на јавната свест за безбедност во сообраќајот, полицијата во соработка со Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведуваат кампањи кои траат во текот на целата година. Нивна цел е подигнување на јавната свест кај граѓаните и подобрување на сообраќајната култура

Патувањето на одмор (или од одмор) може да биде особено ризично поради повеќе причини. Голем број луѓе сакаат што поскоро да стигнат до посакуваната дестинација, што во случај на сообраќаен метеж доведува до нервоза што може значително да влијае на квалитетот и безбедноста на возењето. Исто така, некои ја преценуваат сопствената способност да се концентрираат и го започнуваат патувањето уморно, после работа или по целден пливање (во случај на враќање од море), што може да има фатални последици. Има и високи температури и силно сонце кои го отежнуваат возењето. Затоа е исклучително важно да се почитуваат следниве правила при возење воопшто, а особено при долги патувања:

1. Не консумирајте алкохол

Алкохолот е една од главните причини за сообраќајни несреќи на патиштата, а понекогаш „само“ еден пијалок може да биде фатален. Никогаш не консумирајте алкохол ако возите или планирате да возите.

2. Зголемете ја претпазливоста и прилагодете ја брзината

Возењето бара високо ниво на концентрација, особено кога сообраќајот е погуст од вообичаеното. Одржувајте безбедно растојание од другите возила, секогаш најавувајте го вашето движење и возете во пропишаните граници.Посебна претпазливост е неопходна во случај на прв дожд по долг период на летна суша – патиштата тогаш се многу лизгави и опасни.

3. Користете безбедносен појас

Сите во автомобилот мора да користат појас – буквално спасува животи! Ако во возилото има деца, проверете дали се правилно прицврстени на нивните седишта или на задното седиште (ако се повисоки од 135 cm).

4. Не користете мобилен телефон додека возите

Користењето мобилни телефони за време на возењето е исто така една од главните причини за сообраќајни незгоди. Дури и ако користите прифатливо решение како што е контрола без раце или слушалки со Bluetooth, сведете го на минимум. Дури и најмалото одвлекување на вниманието може да биде фатално.

5. Започнете го вашето патување одморено и направете ги потребните паузи

Иако можеби сакате да стигнете до вашата дестинација што е можно поскоро, секогаш тргнувајте го вашето патување одморено. Избегнувајте да патувате веднаш после работа за да „заштедите“ време.

Исто така, не се присилувајте и обидете се да покриете голема километража „во едно парче“. Застанете на постојка за одмор, повеќе од еднаш доколку е потребно, освежете се и продолжете да возите само кога сте сигурни дека се чувствувате добро и одморени.

6. Планирајте го вашето патување (маршрута)

Со оглед на големата гужва во текот на летните месеци, добро ќе ви дојде добар план за патување. Истражувајте ги најдобрите и најбезбедните рути и земете го предвид времето што ќе го поминете во редот. Исто така, погрижете се да имате доволно течности во вашето возило за да бидете постојано освежени – ова е особено корисно ако заглавите во редица

7. Бидете особено внимателни ако со вас во возилото се деца

Проверете дали седиштата се правилно поставени, односно децата што седат на задното седиште носат појас. Исто така, во никој случај не оставајте ги децата во затворен автомобил, дури и со отворен прозорец.

8. Проверете ја техничката состојба на возилото

Покрај сите горенаведени совети и правила за безбедност во сообраќајот, важно е, особено пред патувањето, да се проверат сите технички детали на возилото – од сопирачките и батериите, до квалитетот на маслото, гумите и правилноста на нивното вртење, па се до кутијата за прва помош, триаголникот и рефлектирачкиот елек.

 

Ви посакуваме среќно и пријатно патување!

Exit mobile version