Во земјава има луѓе кои три пати го прележале коронавирусот

Двајца Македонци по трет пат го прележале коронавирусот.

За вториот потврден случај пријавата во Институтот за јавно здравје пристигнала вчера. Според информациите од ИЈЗ, едниот примил две дози на вакцина против ковид, а другиот бил невакциниран.

Податокот денеска го соопшти епидемилогот од ИЈЗ д-р Драган Кочински, кој дополни дека според нивните извештаи има и 953 реинфекции.

Од анализите што ги прават во Институтот за јавно здравје повеќе заболуваат жени од мажи, но поголем ризик од смртен исход има кај мажите.

Exit mobile version