Во моментов како активно заразени со коронавирус се водат 5.707 случаи во Македонија. Од нив, според последниот извештај на Министерството за здравство, најмногу се од Скопје (2.762), по што следат Битола со 494 и Прилеп со 340 случаи на заразени.
Само вчера беа ресгистрирани 168 нови лица заразени со ковид, уште седум починаа, а 275 се водат за оздравени.
Досега во земјата се направени вкупно 1.493.451 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 218.362, бројот на оздравени пациенти е 204.960, а на починати е 7.695.