Во периодов по пандемијата на корона вирусот се соочуваме со експлозија на заболени од рак особено по прележување на болеста, вели во разговор за „Фактор“, клиничкиот онколог, д-р Милан Ристески.
Само во текот на минатата недела имав нови осум пациенти со канцер на панкреас, забрзано расте и бројката на новозаболени од рак на бели дробови, рак на дојка, на простата, рак тестиси. Станува збор луѓе во средни години, меѓу 50 и 60. Повозрасни се оние кај кои е дијагностициран ракот на простата, но загржува фактот што од рак на тестиси заболуваат млади луѓе, на нивни 25 години. Ова е навистина поразително, бидејќи бројките на заболени од рак се незапирливи особено по прележана корона. Студиите покажуваат дека кај пациентите кои имале појава некакви тумори, по прележување на болеста се јавуваат монструозни форми на таквите тумори. Инциденцата од година во година се зголемува, посочува д-р Ристески.
Тоа што посебно загрижува, како што појаснува д-р Ристески е што голем број од овие најтешки болести многу тешко се откриваат во раната фаза, бидејќи не постојат ниту конкретни симптоми за да иницираат луѓето да се јават на лекар.
Продолжува на Фактор.мк