Можни се проблеми со срцето и една година по блага инфекција со Ковид-19. Според најновите истражувања, оштетување на срцето може да настане и по почетните фази од инфекција со „Ковид-19“.
Имено, дури и кај оние кои никогаш не биле хоспитализирани постои можност за срцева слабост и формирање смртоносни згрутчувања на крвта дури и една година по инфекцијата, пишува „Блумберг“.
Истражувачите користеа информации од Одделот за ветерани на САД и анализираа податоци од 151.195 лица заразени со „Ковид-19“.
Истражувањата покажуваат дека по првите 30 дена од инфекцијата, луѓето со „Ковид-19“ се изложени на зголемен ризик за кардиоваскуларни заболувања, што вклучува неколку категории, вклучувајќи дисритмија, перикардитис, миокардитис, срцева слабост и тромбоемболизам.
„Ризиците беа очигледни кај оние кои не беа хоспитализирани за време на акутната фаза на инфекцијата се наведува во студијата.
“Нашите резултати покажуваат дека постои значителен ризик за можни кардиоваскуларни заболувања во рок од една година по инфекцијата со „Ковид-19“. Затоа, ние веруваме дека медицинската нега за преживеаните по акутна инфекција на „Ковид-19“ треба да вклучува мониторинг на кардиоваскуларното здравје”, се додава во студијата.