Омикрон, новиот вид на корона вирусот кој беше откриен во јужна Африка, пристигна и во Европа, а според последните информации, Велика Британија е третата земја во која е регистриран, покрај Германија и Чешка. Светската здравствена организација итно заседаваше поради новиот вид корона, а бројот на неговите мутации е поголем од кој било претходен вид, што предизвикува страв во научниот свет.
СЗО објави дека омикрон има 32 мутации во шилецот, што го прави многу заразен и поопасен. Сепак, според најновите информации кои доаѓаат од епицентарот на инфекцијата со овој нов вид, постои можност омикронот да е всушност „побезопасен“ од другите мутации.
Анџелика Кеце, претседател на Здружението на лекари на Јужноафриканската Република, за британски Телеграф изјави дека омикрон предизвикува лесна слика без најчестите симптоми поврзани со оваа инфекција.
„Тоа е лесна болест со симптоми како што се болки во мускулите или замор, кои траат ден или два додека болниот не се чувствува добро. Досега откривме дека заразените не го изгубиле мирисот и вкусот. Можно е да имаат блага кашлица Од заразените, дел моментално се лекуваат дома“, рече Кеце.
Добрата вест е што омикрон не е пронајден кај вакцинирани луѓе и дека болниците не се преоптоварени со пациенти заразени со оваа варијанта на корона. И дали омикрон е поопасен за невакцинираните, вели Кеце:
„Ќе го знаеме тоа за две недели. Омикрон е пренослив, но засега, како лекари, не знаеме зошто имаше толкава врева околу него, бидејќи сè уште го проучуваме. Ќе знаеме повеќе за две , три недели, бидејќи имаме неколку пациенти во болница, а тоа се млади луѓе, помлади од 40 години“, објасни докторката.