Состојбата со голема кашлица (пертусис) не е разгорена низ цела држава, а епидемијата прогласена во Скопје е оправдана. Александар Петличковски, претседател на Комисијата за Заразни болести, кажа дека тие решиле ДСЗИ да ја засили контролата врз градинките, за да се види дали се примаат деца кои не се вакцинирани.
Потоа, Комисијата донела одлука да препорача во вакциналните пунктови, задолжителна да биде електронската евиденција за да има подобар преглед на децата кои се вакцинирани.
„Во однос на останатите препораки, беше разговарано и за тоа до каде е набавката на вакцини за возрасни, а информацијата која ја добивме е дека на 15 март се очекува да стигнат првите вакцини за возрасни“, рече Петличковски.