Инфектологот Цана: Треба да се заштитат децата под две години, возрасните не се ризична категорија

Голем број на заболени од голема кашлица може да се утврдат доколку населението масовно се тестира, смета д-р Фадил Цана, нов директор на Клиниката за инфективни болести, инфектолог на Клиниката. Но додава дека возрасните не се ризична категорија, туку децата под две години. Според него, хаос ќе биде ако тргнат сите да прават тестови.

„Имал кашлица која не била постојана, а пациентот немал друга клиничка слика, па направил тестирање на Институтот и имал претусис. Возрасните луѓе не се ризична категорија за која треба да се грижиме. Ако го тестираме целото население ќе биде хаос и бројките ќе бидат и поголеми од предвидените. Целта на Комисијата за заразни болести е да се заштитат децата под две години. Засега, вкупно само 12 случаи се од Нова година наваму, прегледани и потврдени и последниот случај од вчера, кој е суспектен, но не е потврден резултатот – но клинички нѐ насочува на тоа“, рече Д-р Фадил Цана, нов директор на Клиниката за инфективни болести, инфектолог на Клиниката.

Состојбата со голема кашлица (пертусис) не е разгорена низ цела држава, а епидемијата прогласена во Скопје е оправдана.

Exit mobile version