Одлучивте да водите здрав живот и да загубите неколку килограми, но, сепак, не можете да ги постигнете посакуваните резултати. Тоа е поради неколку грешки што ги прават луѓето додека се обидуваат да ослабат.
Важно е да запаметите дека бројот на вагата е само едно мерило за промената на тежината. На неа влијаат неколку работи, како на пример флуктуацијата на течностите и количеството на храна што се задржува во телото. Доколку тежината не се намалува, можеби губите маса, ама ја задржувате течноста. Кога ќе се случи тоа, облеката ви станува голема, особени околу половината, дури и ако бројот останал ист. Фотографирањето еднаш месечно ќе ви помогнат да воочите дали сте ослабеле, наспроти тоа што вагата не го покажува тоа.
Можеби консумирате здрава но висококалорична храна, како риба и јаткасти плодови. Клучно е да земате умерено количество, а од друга страна преголемото намалување на внесот на калории може да биде контрапродуктивно. Истражувањата за нискокалаоричните диети покажуваат дека тие може да доведат до губење на масата и значајно да го забават метаболизмот.
Една од најчестите грешки е што не се консумираат доволно протеини, па затоа збогатете ја исхраната со грав, мешункасти растенија, семе од лен.
И советите да јадете често, на секои неколку часа, може да доведат до внесување вишок калории, затоа јадете само кога сте гладни, што е клучно за ефикасно слабеење.