Јадењето навечер може директно да влијае врз тоа колку калории согоруваме, колку сме гладни и како нашето тело складира масти, откриваат истражувачите.
Научниците и претходно се согласија дека постои врска помеѓу тоа кога го јадете последниот оброк во денот и зголемувањето на телесната тежина, а новото истражување дава дополнително објаснување.
16 учесници со индекс на телесна маса во опсегот на дебелина биле подложени на два шестдневни теста. За време на тестирањето биле строго контролирани нивните навики за јадење и за спиење.
Во текот на тестирањето тие јаделе три оброци дневно: појадок во 9 часот, ручек во 13 часот и вечера во 18 часот. Во вториот распоред времето било преместено за неколку часа, па појадокот бил во 13 часот, ручекот во 18 часот, а вечерата во 21 часот.
Примероците од крвта покажале дека 24-часовното ниво на лептин, хормон кој ни кажува кога сме сити, било пониско кога јаделе подоцна. Ова покажува дека тие биле погладни, па имале поголема веројатност да јадат повеќе, а калориите побавно се согорувале.