Спречете го ракот со здрав начин на живот

Ракот е водечка причина за смртност во светот, со речиси 10 милиони смртни случаи во 2020та година, или причинител за речиси еден од шест смртни случаи. Постојат силни докази дека зголемената телесна тежина предизвикува различни видови на рак. Според третиот Експертски извештај на World Cancer Research Fund и American Institute for Cancer Research, утврдени се дополнителни пет други видови на рак во споредба со Експертскиот извештај од пред една деценија кои се поврзани созголемената телесна тежина.

Се проценува дека 1,97 милијарди возрасни и над 338 милиони деца и адолесценти биле со прекумерна тежина или дебели на глобално ниво во 2016 година.

 

КОИ ВИДОВИ НА РАК МОЖЕ ДА СЕ ПОЈАВАТ ЗАРАДИ ЗГОЛЕМЕНА ТЕЛЕСНА ТЕЖИНА?

Постојат убедливи докази дека зголеменатателесна тежина е причина за рак на хранопроводникот (аденокарцином), панкреасот, црниот дроб, дебело црево (колоректален), дојката и бубрезите. Исто така, има убедливи докази дека зголеменатателесна дебелинапричина за рак на ендометриумот.

Зголеменатателесна тежина е веројатна причина за рак на устата, фаринксот и гркланот, желудникот, жолчното ќесе, јајниците и простатата. Во однос на зголемување на тежината како возрасен/на личност, има убедливи докази дека зголемувањето на телесната тежина е причина за постменопаузален рак на дојка.

Околу една третина од смртните случаи од рак се должат на употреба на тутун, висок индекс на телесна маса, консумирање алкохол, низок внес на овошје и зеленчук и недостаток на физичка активност. Следствено, кога станува збор за спречување на ракот, несомнено дека прво место зазема здравиот начин на живот.

 

КАКО?

Одржувајте здрава телесна тежина!

Погрижете се Индексот на телесна маса (ИТМ) или попознат како Body Mass Index (BMI) во тек на целиот живот да е во рамки од 18,5 до 24,9kg/m2. Зголемената тежина во детството и раниот живот може да биде проследена со зголемена тежина и дебелина во зрелоста.

 

ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВАМ?

  • Бидете физички активни.
  • Јадете храна богата со интегрални жита, зеленчук, мешунки и овошје.
  • Ограничете или исфрлете ги „брзата храна“ и другата преработена храна богата со масти или шеќери.
  • Ограничете или избегнувајте внес на засладени безалкохолни пијалаци .
  • Одржувањето здрава тежина во текот на животот е еден од најважните и најефикасните начини за заштита од рак.

 

Здравиот начин на живот е долг, но сигурен пат за спречување на појавата на рак!

Exit mobile version