Дански супермаркет изнајде начин со кој се справи со масовното купување средства за дезинфекција

И покрај апелите на надлежните да не се купуваат големи количини на храна и средства за дезинфекција, затоа што има доволно за сите, граѓаните купуваат големи количини. Маркет во Данска изнајде решение како да се справи со овој проблем.

Имено воведе 24 пати повисоки цени за дезинфекциски продукти, доколку купувачите земаат повеќе од едно шише. Оваа мерка доаѓа откако тамошните граѓани масовно купувале средства за дезинфекција како медицински алхохол и дезинтал, по пандемијата со коронавирусот.

Корисници на мрежата „Твитер“ објавија дека едно шише чини 50 дански круни односно 5.5 евра, додека за две шишиња, потрошувачите ќе платат 1000 дански круни или 134 евра.

https://twitter.com/_schuermann/status/1239294777452974080?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1239294777452974080&ref_url=https%3A%2F%2Fmothership.sg%2F2020%2F03%2Fdenmark-supermarket-hoarding-trick%2F&fbclid=IwAR0SHcVnx4b1daTlSwvc-lxQrA5Jk7A5HeBC6w8Rm5fjFvEPh5eOo-mxhdY

За останатите корисници на „Твитер“, ова е одлична идеја и даваат поддршка истата да се примени и од други маркети.

Фотографијата со цената масовно се споделува по социјлните мрежи. Граѓаните и тоа како ја поддржуваат оваа идеја и бараат истата да се примени и кај нас.

фото: Твитер

Exit mobile version