МНР со хуманитарни летови ќе ги врати затечените македонски граѓани од странство

Oколу 2.300 граѓани со хумантирани авионски летови министертвото за надворешни работи ќе ги донесе во земјава.

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, на денешната  прес-конференција апелерираше до сите кои досега не се пријавиле на емаил или на телефоните на дипломатско конзуларните претставништва да го направат тоа до утре недела до 18 часот, за да се има прецизна евиденција. Доколку нема претставништво во земјата каде се наоѓаат, тоа треба да го направат во најблиското претставништво, потенцираше министерот.

„Направивме пресек. Бројките варираа. Основната концентрација е во европските држави. Врз основа на законските прописи за јавното здравје одлучивме сите што ќе ојдат во поголоми групи со хуманитарни летови да бидат во задолжителен државен карантин во траење од 15 дена. За да се заштити и другиот државен интерес, односно да се заштити здравјето на граѓаните кои веќе се во татковината. Мораме да имаме прецизна евиденција за да може да се организираат летовите. Фокусот ке бидат земјите со поголема концентрација на наши граѓани“, истакна министерот  Димитров.

Инаку на синоќешната седница на Влада беше разгледана информацијата на Министерството за надворешни работи за бројот на наши државјани кои оваа ситуација ги затекна во други држави. За да им се обезбеди можност да се вратат во земјата, Владата ги задолжи Министерството за надворешни работи и Министерството за транспорт и врски да подготват посебен план за хуманитарни летови, а нивна законска обврска ќе биде кога ќе се вратат да прифатат дека ќе мора да поминат соодветен број денови во карантински услови за нивна и за безбедност на сите останати граѓани.

Владата ја разгледа Информацијата за активностите за справување со затекнатите државјани на Република Северна Македонија во странство, со Предлог – одлука, ја усвои Информацијата и го донесе новиот текст на Одлуката за спроведување на задолжителен државен карантин на државјаните на Република Северна Македонија вратени од странство со хуманитарни летови, се наведува во соопштението.

Владата формира работна координативна група, со која да раководи д-р Драги Рашковски, генерален секретар на Владата и во состав: Пеце Мирчески, директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата и претставници од Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски и Министерството за надворешни работи, со цел обезбедување на логистичка поддршка и операционализирање на Одлуката за спроведување на задолжителен државен карантин на државјаните вратени од странство со хуманитарни летови и условите на преземање и транспорт на лицата до објектите во кои ќе бидат сместени овие лица во државен карантин.

Плаќањето на авионската карта за организираниот лет ќе биде на товар на патникот, додека трошоците за сместување, транспорт од аеродром и храна ќе бидат на товар на Буџетот на Република Северна Македонија.Објектите кои ќе бидат определени за државен карантин да бидат обезбедувани од страна на припадниците на Министерството за внатрешни работи и припадниците на Армијата на Република Северна Македонија (секој кат од објектот, секој влез и излез на објектот и просторот околу објектот).

Периодот во кој овие лица ќе бидат сместени во државен карантин да биде најмалку 15 дена, веднаш по нивното слетување.Лицата кои ќе бидат сместени во државен карантин да бидат по едно до две лица во просторија.Храната за овие лица да се дистрибуира директно до просториите, а хигиената во истите да ја одржуваат сами.

фото: Архива

Exit mobile version