Доктор Аголи за „А1он“ раскажа како заболел, како се чуствува, за кого стравува

Докторот Арбен Аголи, педијатар од Дебар кој е заболен од коронавирусот заедно со уште еден доктор и три медицински сестри, за „А1он“ вели дека немал никакви симтоми, а тестиран бил откако претходно позитивни биле тестовите на неговиот колега кој работел во дебарската болница.

„Јас се чуствувам одлично. Добар сум. Немав никакви симтоми. Практично, имав контакт со колега кој прв беше позитивен на коронавирусот. Тој имаше контакт со пацинетите во болницата. Ние сме педијатарска амбулната, каде работиме јас и три медицински сестри. Никој од нас немаше симтоми и тоа е чудната работа. Докторот кој беше прв заболен ми се жалеше дека нема апетит, беше ‘овенет’, јас му реков ‘Докторе, ајде направи еден тест, провери се’, тој не сакаше. Потоа направи и беше позитивен. Затоа се тестирав јас и медицинските сестри“, објаснува докторот Аголи за „А1он“.

За стравот, размислувањата и ставот на младите кој за Аголи е фрапирачки, видете тука.

Exit mobile version