Лица кои патувале во Австрија и се вратија во нашата држава, не сакаат да останат во групниот карантин на Криволак. Тие велат дека таму нема никакви услови, се жалат на хигиената и велат дека од здрави ќе се испоразболат.
Еден од нив коментира на видеото дека неможат ниту да се истушираат бидејќи нема услови, а тие четири дена не се бањати. Сите тврдат дека се тестирани за коронавирус повеќе пати и дека се сосема здрави, притоа, уверуваат дека немаат симтоми кои укажуваат дека се болни.
Сместените во карантинот велат дека сакаат дома, а се жалат дека од сите кои пристигнале а биле цела група, само нив ги ставиле во карантин, други пак, ги пуштиле да си одат дома.
Министерката Радмила Шекеринска на својата фејсбук страница објави видео од објектите каде ќе бидат сместени македонските државјани кои се враќаат во својата татковина, а мора да бидат во карантин. Објеките се во Криволак, поточно во Пепелиште.
Видео: ФБ