Филипче: Добрите вести се предвесник дека овој тежок период има крај

„Добрите вести се предвесник дека овој тежок период има крај и заедно ќе успееме да надминеме. Се радувам за сите оздравени пациенти, за нивните семејства и најблиски. Се надевам дека сѐ почесто ќе слушаме добри вести. Благодарност до целиот медицински персонал кој даде сѐ од себе да им помогне, како и до пациентите и нивните семејства за соработката, дисциплината и трпеливоста“, напиша на својот Фб профил министерот за здравство Венко Филипче.

Претходно надлежните информираа дека со денешните оздравени 21 лице, досега имаме оздравени вкупно 200 пациенти.Од денешните оздравени 16 се од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, сите се лекуваа во домашни услови.

фото: ФБ Венко Филипче

Exit mobile version