Филипче: Досега ниту еден пациент што е на респиратор во Македонија не е излекуван

Ниту еден пациент инфициран со корона вирус којшто бил поставен на респираторна машина во Македонија досега не е излекуван, истакна на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

„Нема излекуван пациент на респираторна машина. Има повеќе пациенти кои што подолг временски период се лекуваат, а сега планираме и промена на начин на лекување во однос на правење на тахеростома и трахеотомија на некој кој што веќе покажува знаци дека може да закрепне“, изјави Филипче.

Инаку, споредпоследните статистики на Министерството за здравство, во моментов 13 лица се на респираторна машина.

фото: Архива

Exit mobile version