Бебе кое се родило на Гинеколошко-акушерската болница е заразено со коронавирус. Директорката на болницата, Викторија Јовановска, за Канал 5 вели дека не станува збор за вертикална трансмисија, туку дека бебето имало контакт со мајката по раѓањето и така се заразило.
Јовановска вели дека се е во ред и со мајката и со бебето, немаат никаква клиничка симптоматологија за инфекција со Ковид-19 и испратени се дома во изолација.
„И мајката и бебето се добри и се испишани за дома“, вели Јовановска.