Пратеничката Кети Смилеска од СДСМ, на која и е дијагностициран коронавирусот во изјава за „А1он“ вели дека не знае како се заболела, со оглед дека повеќе од еден месец не излегува од нејзиниот дом во Прилеп.
„Не знам како сум инфицирана, цел месец не бев излезена од дома. Комуницирав само со најтесното семејство, а тие засега, немаат симптоми. Земен им е брис и чекаме резултати за нив. Јас по 15 февруари допатував во Прилеп, а од 10 март не сум излезена од дома. Сопругот одеше на работа, но како што кажав, нема никакви симптоми. Јас ги осетив сите симптоми кои ги посочуваат здравствените работници. Имав болки во мускули, грло, осип, а потоа, последната фаза беше тешкото дишење. Благодарност до целиот медицински кадар во прилепската болница“, вели Смилеска за „А1он“.