Во текот на 5-та недела од 2022 година (31.01-06.02.2022), во Република Северна Македонија пријавени се 133 случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, намалување од 47,4% во споредба со минатата недела.
Во текот на 5-та извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнаа 576 материјали за лабораториско тестирање на грип од кои 6 од сентинел САРИ надзорот, паралелно тестирани за грип и COVID-19. Притоа, не се детектирани позитивни случаи. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 5-та недела од минатата сезона (n=45) е зголемен 3 пати, а во споредба со бројот за 5-та недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 10 сезони) (n=2.860) се регистрира намалување од 95,3%.
Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (I=30,9/100.000), односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.
Во однос на возрасната дистрибуција, 61 лице се на возраст од 15-64 години, 42 кај деца на возраст од 0-4 години, 25 се регистрирани кај деца на возраст од 0-4 години и 5 кај лица на возраст над 65
години. Највисока инциденца (40,4/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.
Заболените се пријавени од 11 ЦЈЗ/ПЕ, во Скопје – 46, во Прилеп – 21, а во останатите ЦЈЗ/ПЕ, бројот на пријавени е помал од 20.
Во десет извештајни единици кои пријавија случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска активност на вирусот на грип, а во една (Дебар) се регистрира сезонска активност.