Бронхитисот е воспалително заболување, воспаление на бронхиите, малите цевчиња кои од душникот водат во белите дробови. Во однос на текот и должината на болеста, бронхитисот се јавува и како акутен и како хроничен.
Симптоми на бронхитис
Кашлицата е највообичаениот симптом на бронхитис. Бронхитисот го следат и покачена температура, болка во грлото, омалаксаност, болка во мускули, тежина во градниот кош.
Сувата кашлица обично се јавува на самиот почеток на болеста, а како поминуваат деновите таа станува се по зрела. Исто така има и се повеќе шлајм. Многу често кашлицата се задржува и неколку седмици по оздравувањето.
Симптоми на бронхитис:
кашлица,
продукција на секрет (шлајм) во дишните патишта,
омалаксаност и заморување,
чувство на губење на воздух и краток здив,
покачена температура и блага грозница,
непријатност и тежина во градниот кош.
Акутен бронхитис
Акутниот бронхитис многу често се јавува кај деца кои секојдневно одат во градинка или училиште. Акутниот бронхитис е една од најчестите компликации на настинка или некои други вирусни респираторни болести, кои многу лесно се пренесуваат помеѓу децата во колективите. Симптомите обично траат 7 до 10 дена. Многу често, по оздравување, кашлицата се задржува и неколку недели.
Хроничен бронхитис
До хроничен бронхитис доаѓа многу по ретко. Дијагнозата се поставува по неколку години во кои симптомите се присутни минимум три месеци.
Бронхитисот обично станува хроничен поради долготрајно излагање и вдишување на некои токсични материи. Тоа може да биде чад од тутун, токсични материи загадувачи на воздухот…
Хроничниот бронхитис е сериозен здравствен проблем, а многу често се јавува кај долгогодишни пушачи.
Бронхитис кај деца
Бронхитисот кај деца обично се јавува во текот на сезоните на вирусни респираторни инфекции. Тоа е поладен дел од годината кој во нашите краеви се подразбира, тоа се месеците од октомври до март, односно во текот на есента и зимата. Акутниот бронхитис обично се јавува како последица на вирусни инфекции кои предизвикуваат риновируси, аденовируси и вирус параинфлуенца.
Многу често до компликации во вид на акутен бронхитис доаѓа поради неколку последователни настинки, кои се последица на ослабен имунитет.
Лекување на бронхитис
Вирусните инфекции не се лекуваат со антибиотици. Се препорачува мирување, зголемен внес на течности, спиење на подигната подлога со што би се олеснило искашлувањето на шлајмот, одржување хигиена на носот.
Препарати кои содржат природни активни состојки ги ублажуваат симптомите и го скратуваат траењето на болеста. Viranto forte со пеларгониум и црн бозел се применува кај кашлица, болки во грлото и воспаление на слузокожата на горните дишни патишта.
Екстрактот од пеларгониум е природна состојка за третман на акутен бронхитис, што е потврдено од страна на Европското респираторно друштво. Во Германија екстрактот од пеларгониум е регистриран со официјална индикација за акутен бронхитис.
Viranto forte е најделотворен ако се примени што побрзо, најдобро во првите два часа од појавата на првите симптоми.
Колку долго трае бронхитисот
Акутниот бронхитис обично трае од 7 до 10 дена. Меѓутоа, кашлицата може да потрае значително подолго, па дури и неколку недели. Доколку детето подолго време има тегоби и неговата општа состојба не се подобрува, се советува преглед и посета на педијатар, поради проверка дали дошло до бактериска суперинфекција.