Состојбата не е добра и не е стабилна, можат и возрасните да бидат донесени во ризик, алармира Петличковски за големата кашлица

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски кажа дека состојбата со големата кашлица не е стабилна. Докторката Александра Гроздановска посочува дека ако се продолжи со невакцинација на децата, возрасните ќе бидат донесени во ризик. Петличковски посочи дека мора да се почитува календарот на имунизација.

„Состојбата не е добра и не е стабилна, а во оваа состојба сме се довеле поради долги години наназад неодговорно однесување на граѓаните. Поразителен податок за државата е податокот за 50 отсто невакцинирани деца. Имаме научна поткрепа дека дека имунизацијата со трите дози помага. Ние сме пред прагот на нов пожар (со морбили). Можно е следните недели да излеземе со построги епидемиолошки мерки, зависно од комисијата“, кажа Петличковски.

Професор Александра Гроздановска од Комисија за имунизација. потврди дека имунолошката состојба е далеку од добра. Посочува дека и возрасните ќе бидат донесени во ризик.

„Оценивме дека детето вакцинирано со три дози во последните шест месеци, ќе биде оптимално заштитено, со цел да може да посетува градинка, да се социјализира, со напомена дека ревакцината мора да биде примена во наредните шест месеци. Целосно заштитен, имунолошкиот систем може да биде само така“, рече професор Александра Гроздановска од Комисија за имунизација.

Новата порепорака значи дека без разлика на возраста на детето, ако прима вакцинација од три дози, може да иде во градинка, но во наредните шест месеци, да мора да биде ревакцинирано.

„Овде ги имаме во предвид децата кои од различни причини не се вакцинирале, има здравствени ситуации, ковид-пандемија“, додаде Петличковски.