Стигнаа вакцините за возрасни против голема кашлица – уште денеска може да се прими во пунктовите

Вакцините против голема кашлица за возрасни се стигнати во Македнија. Министерот за здравство, Илир Демири, посочува дека тие се веќе во вакциналните пунктови.

„Вакцините се стигнати и одма ќе можат да се аплицираат кај луѓе кои имаат потреба за таков вид ревакцинација“, вели Демири.

Прашан дали може граѓаните кои имаат потреба да одат на вакцинација, тој одговори: „Да може уште денеска, има во вакциналните пунктови“.

Засега возрасните не се загрозени од епидемијата на голема кашлица која ја има во Скопје.