Во Скопје 120 пациенти со магарешка кашлица

Како што информираат од Центарот за јавно здравје – Скопје за весникот ВЕЧЕР денеска регистрирани се уште десет нови случаи на заразени со пертусис.

Според д-р Јумизе Бајранми раководител за имунизација при Центарот за јавно здравје бројот на заболени со голема кашлица во Скопје достигна 120 пациенти. Комисијата за заразни болести ќе даде препорака до ДСЗИ да не се примаат невакцинирани или делумно вакцинирани деца, а Иститутот за јавно здравје го изготви Упатство за следење на голема кашлица и постапување при појава на епидемија.

Расте бројот на заразени деца со пертусус.Четири доенчиња со потврдена голема кашлица се хоспитализирани на Универзитетската клиника за респираторни заболувања во Козле. Две од нив се со примена прва доза на вакцина, две не се вакцинирани, но според лекарите сите четири доенчиња се во стабилна состојба.