Заборавањето е проблем, но може да биде и корисно

Научните истражувања, покажале дека растот на новите неврони во хипокампусот, дел од мозокот кој е поврзан со паметење, го поттикнува заборавањето.

Како што тврдат научниците ова се случува со цел да се ослободи простор за поважни работи и мозокот да ги отстрани неважните.

Авторот на ова истражување вели дека сме склони да фaворизираме луѓе кои се добри во игрите со меморија, но тие велат дека интелигенцијата не се мери, ако некој се сети кој го освоил фудбалскиот куп пред неколку децении.

„Целта на меморијата е да направи да донесете паметна одлука во дадени околности. Она што во тоа многу ви помага е можноста да заборавите одредени информации“, вели професор Блејк Ричардс.

Исто така, луѓето подобро паметат некои клучни и конфликтни информации, отколку таканаречени „лесни“ работи.

Процесот на заборавање има своја функционална цел.

Тој исто така има невробиолошка поддршка и затоа следниот пат кога ќе се загрижите поради тоа што не можете да се сетите каде сте ги оставиле ножиците, размислувајте за тоа на позитивен начин.