Српскиот Институт за онкологија и радиологија од петокот забрани посети во таа установа поради зголемен број на заболени од коронавирусот, јавија белградските медиуми.
Во текот на идната недела во Србија ќе се состане Работната група за следење на ситуацијата со ковид-19, најавија српските здравствени власти откако во државата е регистриран зголемен број заболени од вирусот.
Во изјава за РТС, лекарката Снежана Јовановиќ нагласила дека во изминатите две недели има зголемен број на тестирања за коронавирусот на дневно ниво. Според неа загрижува фактот дека околу 20 отсто од примероците се позитивни.
Српскиот Институт за онкологија и радиологија од петокот забрани посети во таа установа поради зголемен број на заболени од коронавирусот, јавија белградските медиуми.