Минатата недела регистрирани 1.106 лица позитивни на ковид

Тестирани се вкупно 14.434 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 3,0% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 1.106 нови позитивни случаи од 33 градови во државата, со намалување од 31,0% во однос на минатата недела (n=1.602). Процентот на позитивност се движи од 2,4% до 10,6%, просечно 7,3%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=622; 56,2%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Битола – 138,6/100.000, Демир Капија – 132,4/100.000 и Ресен – 132,2/100.000*

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=328; 29,7%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=45; 4,1%). Во однос на претходната недела, се регистрира намалување кај сите возрасни групи, а најзабележително намалување во споредба со минатата недела се забележува кај возрасната група 50-59 (38,1%).

Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 1.530 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 10,6% помалку во споредба со минатата недела (n=1.712). Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 175 реинфекции, со намалување од 36,1% во однос на претходната недела.

Пријавени се 10 смртни случаи во 4 градови со датум на смрт во текот на изминатата недела (04-10.04.2022), за 23,1% помалку во однос на претходната недела (n=13). Најголем дел од нив се од Скопје (6). Во однос на возраста, регистрирани се 9 починати од возрасната група над 60 години и еден починат од возрасната група од 50-59 години.

Во „Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика“ при ИЈЗ на РСМ, во текот на изминатата недела, е изведен PCR тестот базиран на Single Nucleotide polymorphism со користење на Vir SNiP SARS CoV 2 Spike S371L S373P за детекција на SARS CoV-2 кај 54 позитивни примероци на SARS-CoV-2 од болнички и примероци од пунктовите. Позитивните примероците се одбрани од тестираните позитивни во период од 04-09.04.2022 година, од следните градови: Скопје, Кавадарци, Велес, Охрид и Гевгелија. Во 3 (5,6%) од испитуваните примероци е докажана BA.1 сублинијата на Омикрон. Во 51 (94,4%) од испитуваните примероци е докажана BA.2 сублинијата на Омикрон – позната уште и како „stealth“.