Ново предупредување од СЗО

Светската здравствена организација предупредува дека пациентите заразени со омикрон може да ги преполнат здравствените установи и да ги блокираат здравствените системи.

Се сугерира дека ширењето на новиот сој на коронавирусот може да предизвика преоптоварување на здравствените системи, иако резултатите од стручните студии сугерираат дека клиничката слика на заразените со омикрон е поблага, пишува лондонскиот весник Гардијан.

СЗО потврди дека инфекциите со омикрон биле придружени со поблаг облик на болеста, но предупреди дека сепак ќе има голем број хоспитализации, особено кај невакцинираните пациенти, што може да предизвика големи нарушувања во здравствените системи ширум светот и другите критични услуги.

Сепак, експертите на СЗО посочуваат и дека во Јужна Африка, земјата каде што на 24 ноември првпат се појави новиот сој на вирусот, е забележано намалување за 29 отсто на стапката на инфекција со омикрон.