СЗО: Долгото работно време одзема стотици животи годишно

Долгото работно време одзема стотици животи годишно, според Светската здравствена организација (СЗО). Првата глобална студија од ваков вид покажа дека 745 000 луѓе починале во 2016 година од мозочен удар и срцеви заболувања, поради многу време поминато на работа.

Извештајот открива дека луѓето кои живеат во Југоисточна Азија и регионот на западен Пацифик се најпогодени. СЗО исто така соопшти дека овој тренд може да се влоши поради пандемијата „ковид-19“. Всушност, некои други студии потврдија дека вработените се изложени на ризик од ментално, не само физичко здравје.

Истражувањата покажаа дека работата 55 часа или повеќе неделно е поврзана со 35% поголем ризик од мозочен удар и 17% поголем ризик од смрт од срцеви заболувања, во споредба со работната недела од 35 до 40 часа.

Студијата, спроведена со Меѓународната организација на трудот (МОТ), исто така откри дека скоро три четвртини од оние кои починале од долго работно време биле средовечни или постари мажи. Едно такво лице, Џонатан Фростик (45), објави на LinkedIn пред повеќе од еден месец.

– Значи, имав срцев удар. Не планирав така да ја поминам неделата. Беше прилично редовно будење во 4 наутро, утринско кафе, одење во локалниот парк, шопинг и доцна ручек. Седнав на маса во 16 часот за да се подготвам за нова работна недела. И тогаш, не можев да дишам … “.

Фростик напиша детален пост на деловната мрежа и ја сподели својата фотографија од болницата.

Иако студијата не го опфаќаше периодот на пандемија, официјалните лица на СЗО рекоа дека скокот во теле-работата и економското забавување може да ги зголемат ризиците поврзани со долгото работно време. Во извештајот се наведува дека прекувремената работа е одговорна за приближно една третина од сите болести поврзани со работата.