Заштита при сончање го намалува ризикот од изгореници, опасноста од рак на кожата и влијанието на Сонцето врз стареењето .
Кремите за сончање се погодни само за оние делови од телото кои не можат да се заштитат на друг начин (сенка, облека ).
Колку е поголем факторот на кремата, толку е поголема/подолга заштитата.
☀️ Изберете крема за сончање со широк спектар со заштитен фактор од најмалку 15 SPF за да обезбедите заштита од UVA и UVB зраци.
☀️ Изберете производ кој е водоотпорен (обезбедува приближно 80 минути заштита во вода) или отпорен на вода (обезбедува приближно 40 минути заштита во вода).
☀️ Кремот се нанесува 15 до 30 минути пред изложување на сонце.
☀️ На местата на кожата изложени на сонце, потребно е да се нанесе доволна количина крем (најмалку 2 лажици), во спротивно заштитата ќе биде помала.
☀️ Кремот се нанесува на сите делови од кожата кои не се покриени со облека, не смееме да заборавиме на вратот, ушите, челото, задниот дел на стапалата и рацете.
☀️ Кремот мора повторно да се нанесува на секои два часа и после секое потење, пливање, бришење на кожата со крпа, дури и ако времето е облачно.
☀️ Секогаш прво нанесувајте крема за сончање на кожата, а потоа репелент (спреј за заштита од убоди)
☀️ Секој крем за сончање мора да се фрли по истекот на рокот
Нема посебни правила за децата!
Кремата се нанесува обилно на телото.Што повеќе ,толку подобро!
Бебиња до 6 месеци треба целосно да се заштитат од сонцето.