Според некои проценки, секој четврти или петти човек во развиениот свет има синдром на нервозно дебело црево. Станува збор за функционално дигестивно нарушување, кое вклучува болки и грчеви во пределот на стомакот, чувство на надуеност и промена на динамиката на варењето (запек или дијареа, гасови). Се јавува нешто почесто кај жените отколку кај мажите, а симптомите може да варираат од слаби до нарушена функционалност. Дијагностичките процедури како ултразвук на абдомен или колоноскопија генерално покажуваат нормален наод, но неопходно е да се направат за да се исклучат воспалителни болести на цревата и тумори.
Симптомите може да се влошат со поголема изложеност на предизвикувачи на стрес. Иако овој синдром не се лекува, постојат начини да се ублажат симптомите и да се справите со предизвиците што ги носи. Тоа првенствено се однесува на прилагодување на навиките во исхраната (FODMAP диета), земање пробиотици и пребиотици и други суплементи, воведување редовна физичка активност и изнаоѓање ефективни начини за справување со стресот.
Мултидисциплинарната соработка на лекарите, нутриционистите и психолозите е важна во процесот на лекување.
Извор :
International Foundation for Gastrointestinal Disorders (2022). IBS Awareness Month, https://aboutibs.org/living-with-ibs/ibs-awareness-month/.