Италијанскиот Национален институт за здравство препорачува бремените жени да се вакцинираат против Ковид -19 после првите три месеци од бременоста.
Во соопштението се наведува дека на жените им се препорачува да примаат две вакцини во вториот и третиот триместар од бременоста.
Според соопштението, одлуката е донесена затоа што има се повеќе докази за безбедноста на вакцините за време на бременоста, и за фетусот и за мајката.
– Жените кои сакаат да се вакцинираат во првиот триместар треба да ги проценат ризиците и придобивките кај лекар – се посочува во соопштението, посочувајќи на треска, што е една од можните реакции на вакцината и може да предизвика ризик од деформитети кај фетусот.
Жените кои дојат можат да се вакцинираат, а новороденчињата можат безбедно да апсорбираат антитела преку млекото.
Бројни држави издадоа препорака оваа година дека бремените жени можат да се вакцинираат против „Ковид -19“ откако ќе се утврди дека вакцините се безбедни.