Креаторите на руската вакцина Спутник V најавија дека до 20 февруари можат да дистрибуираат стотици милиони дози вакцини против сојот омикрон во светот, изјави денеска шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ).
„Институтот Гамалеја верува дека Спутник V и Спутник Лајт може го неутрализираат „омикрон“ затоа што се ефикасни против сите други видови, така што можеме да дистрибуираме неколку стотици милиони дози до февруари 2022 година, рече Димитријев, пренесе ТАСС.
Тој исто така рече дека повеќе од три милијарди дози вакцини против новиот вид коронавирус би можеле да бидат достапни во 2022 година.
Директорот на институтот Гамалеја, Александар Гинсбург, рече дека доколку е потребно, вакцината за новиот сој може да се развие за 10 дена, а за добивање на потребната лиценца за дистрибуција потребни се околу 50 дена.