Бројот на новозаразени во Русија со недели не паѓа под 30.000

Во последните 24 часа, бројот на новозаразени со коронавирусот во Русија е 38.823, а во последниот месец бројот на нови потврдени случаи е над 30.000 секој ден, соопшти денеска рускиот кризен штаб.

3.133 новозаразени коронавирус се регистрирани во Санкт Петербург, 2.955 во Московската област, 1.792 во областа Самара и 851 на Крим, пренесе ТАСС.

Досега во Руската Федерација има 1.030.703 активни случаи на ковид-19.