Велика Британија и Данска со рекорден број новозаразени со ковид

Во Велика Британија и Данска во изминатото деноноќие регистрирани се рекордни бројки на заразени со коронавирус.

Во Велика Британија евидентирани се 88.376 нови случаи, со што втор ден по ред е соборен рекордот. Вчера беа регистрирани 78.610 нови случаи.

Британскиот премиер, Борис Џонсон,  почна со повик за вакцинација со бустер доза додека омикрон продолжува да се шири низ целата земја.

„Секое возрасно лице во Англија од денес може да се вакцинира со бустер. Апсолутно е важно луѓето сега да се вакцинираат со бустер доза бидејќи Велика Британија бележи рекорден број на нови случаи“, рече Џонсон.

Во Данска денеска беа регистрирани речиси 10.000 нови случаи на ковид, што е најмногу од почетокот на пандемијата. Од нив, кај 3.000 е пронајден новиот вид – омикрон.

Според данските власти, наглиот пораст на бројот на заразени се должи најмногу на заживувањето на ноќниот живот.