Во еден ден примил десет вакцини против коронавирусот

Маж од Нов Зеланд примил 10 вакцини против коронавирусот во еден ден.

Здравствените власти отворија истрага.  Се смета дека човекот бил платен да ги добие вакцините во име на други луѓе, пренесува Њузвик. Во Нов Зеланд луѓето не мора да покажат идентификација кога ја примаат вакцината. Министерството за здравство сериозно го сфати ова прашање, изјави за „Stuff” менаџерот за вакцина и имунизација за ковид-19, Астрид Курнеф. Околу 89 отсто од жителите на земјата се целосно вакцинирани.

Во светот имаше повеќе вакви примери, каде еден човек примил вакцини за други лица. Таков случај имаше и во Словенија.